недела, 19 мај 2024

Изложба на уметницата Александра Ацеска во Кина

Самостојна изложба на македонската уметница Александра Ацеска, ќе биде отворена денеска во културниот и креативен парк Зинитанг, во Гуангжу, Кина.

Објавено на

часот

Сподели

„Флорал лимбо е волшебна изложба на дела кои навлегуваат во длабоката интеракција помеѓу внатрешните процеси и надворешните влијанија. Преку хипнотизирачка фузија на цветни дезени, заоблени линии и разновидни техники на цртање и сликање, оваа изложба ги поканува гледачите на волшебно патување во длабочините на уметничкиот израз на Ацеска“, се наведува кон изложбата.

Културниот и креативен парк Зинитанг е дел од Музејот на уметност „Сан Та“ посветен на дела на експерименталната уметност која треба да го помести востановето размислување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ