среда, 15 јануари 2025

Изложба на стари фотографии „Охрид 1940 – 45″ од  фотографот Јонче Поп Стефанија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата го опфаќа периодот на Втората светска војна како  и времето пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид. На фотографиите е прикажан животот во Охрид за време на војната, граѓаните, војниците присутни во градот и секојдневните активности на Охриѓани.

с

Ова претставува само мал дел од фотографското наследство на Јонче Поп Стефанија кој со фотографија професионално се занимавал од 1936 година, а во 1944 година го откупил фотографскиот дуќан на Мирослав Бељан со кого и претходно соработувале. Постои можност дека некоја од изложените фотографии е снимена и од фотографот Бељан.

с

Јонче Поп Стефанија потекнува од фотографско семејство. Неговиот вујко Ставре Попоски е еден од првите фотографи во Македонија кој се стекнал со право за професионално бавење со фотографија. Исто така и постариот брат на Јонче, Благоја Поп Стефанија бил познат фотограф во Охрид пред Втората светска војна.

д

Иако фотографијата му била основна егзистенција, меѓу многубројните сочувани негативи, исполнети со безизразни ликови снимени за лични документи, среќаваме фотографии на луѓе преку кои може да го реконструираме животот во Охрид во тој период, како и фотографии со мотиви од Охридското Езеро, Градот или пејзажи од околината.

д

За неговото размислување и креативниот однос кон фотографијата зборува и фактот што во 1942 година, заедно со Ристо Паунчеки, организираат изложба на фотографии што била поставена во просториите на хотелот Белви во Охрид, а истата поставка била презентирана и пред публиката во Пловдив (Бугарија).

џ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ