сабота, 27 јули 2024

Изложба на слики од Павле Кузманоски во Матица македонска

Со изложба на слики од Павле Кузманоски во центарот на Скопје, Матица македонска денеска напладне, ќе отвори ново културно катче за љубителите на уметноста.

Објавено на

часот

Сподели

Почитувачите и следбениците на делото на познатиот уметник десет дена ќе имаат можност да уживаат во триесет негови антологиски пејзажи, создадени во последните три години. Изложбата ќе ја отвори раководителот на галеријата, Антонио Павловски.

Галерискиот простор ќе биде збогатен со монографии за нашето културно и историско наследство, како и со монографски изданија за познати македонски сликари од сите генерации, информираат од Матица македонска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ