среда, 1 јануари 2025

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во македонскиот КИЦ во Тирана

Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана отворена е самостојна  изложба  на скулпторот Џелил Руфати, на која присуствувал и присутните ги поздравил и  вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу.

Објавено на

часот

Сподели

„Беше привилегија да се биде дел од организираната изложба на КИЦ во Тирана. Гостите можеа да ги почуствуваат емоциите, идеите и приказните на Џелил Руфати искажани преку тридимензионалните форми кои ги надминуваат времето и просторот“, објави македонската амбасада.

Се додава дека авторот не само што успеал да ја долови убавината на формата, туку и да внесе живот во својата визија. Секоја скулптура беше одраз на инспирацијата, трудот и талентот што стојат зад нејзиното создавање.

„Со организирање на оваа изложба, директорката Емилија Попивода уште еднаш ни овозможи да се нурнеме во еден свет каде што имагинацијата ја среќава реалноста, а емоциите наоѓаат израз во неподвижни, но извонредно моќни форми и секој од нас може да пронајде нешто што резонира со неговото лично искуство, соништата и чувствата“, посочуваат од амбасадата.

Руфати, има одржано многу изложби во САД, Франција и Германија, како и во Балканскиот Регион, а бил учесник на повеќе колонии и семинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ