недела, 19 јануари 2025

Изложба на необјавувани портрети на македонски револуционери

Задутре во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид ќе биде отворена изложбата „Лица на револуцијата“, со презентација на необјавени портрети на македонски револуционери. Поводот за изложбата е одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев – активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Општина Охрид, како организатор на настанот, со изложбата насловена „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“, ќе бидат одбележани три јубилеи – 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

„Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век“, додаваат од Општина Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ