сабота, 27 јули 2024

Изложба на Јовановска и Бартник во Чешка

Уметничкиот дијалог помеѓу македонската ликовната уметница Петра Јовановска и полскиот сликар Кршиштоф Бартник продолжува, овој пат со нова ликовна изложба „Дијалог“ поставена во Галеријата Фара во градот Плана над Лужници во Чешка, која беше свечeно отворена на 1 март.

Објавено на

часот

Сподели

Петра Јовановска има завршено Факултет за ликовни уметности, Скопје. Таа е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ИКОМОС, АИАП/ИАА. Досега има реализирано 65 самостојни изложби (Франција, Германија, САД, Словенија, Хрватска, Полска, Чешка, итн.). Учествувала на повеќе од 360 групни изложби (Португалија, Велика Британија, Шпанија, Јапонија, Франција, Мексико, Австрија, Хрватска, Малезија, Полска, Италија, САД, Чешка, итн.).

За својата работа има добиено бројни награди, почесно признание „Арт Олимпија“ – Токио, Јапонија; „Награди за жени во уметноста“ – Орландо, САД; почесно признание за графика – 4-то биенале мало графика – Романија и други. Реализирала повеќе уметнички престои, учествувала со многу уметнички симпозиуми и ликовни колонии и работилници дома и во странство (Чешка Република, Северна Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Словенија, Црна Гора, Србија).

„Кругот нема почеток, нема крај, нема агли. Не ограничува, иако дава форма. Повикува на акција, ги симболизира временските циклуси, движењето на планетите околу сонцето, севкупноста, исполнувањето, концентрацијата, заедништвото, совршенството, револуцијата и еволуцијата. Склона сум кон минимализмот во моите уметнички дела“, вели Јовановска.

Кршиштоф Бартник завршил Факултет за ликовни уметности на Универзитетот Николаус Коперник во Торун во 1988 г. Работи на Универзитетот Марија Кири-Склодовска во Лублин како професор на катедрата за сликарство на Факултетот за уметности.

Својата работа ја претстави на многубројни изложби (Полска, Чешка, Франција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија) и на групни изложби(Полска, Чешка, Франција, Македонија, Австрија, Босна и Херцеговина, Австралија, Белгија, Украина, Унгарија, Германија, Литванија, Италија).

Учествувал на многу ликовни колонии и уметнички симпозиуми во Полска и во странство. Неговите слики се претставени приватно и во институционални збирки не само во Полска, туку и во странство. Беше куратор на голем број изложби во уметничката заедница Лублин. „Мојата најнова серија слики потекнува од пејзажот. Природата е сè уште неисцрпен ресурс на формативни можности, исто така е добра алтернатива на фигуративната уметност која коментари за актуелните настани. Сакам сликата да ја надминува својата функција на портретот на реалноста“, вели Бартник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ