среда, 15 јануари 2025
Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид

Изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно историски локалитети

Објавено на

часот

Сподели

Основната цел на проектот  е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри. 
 

Со оваа изложба  се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни за Македонија:
 

– Свети Климент на возвишението Плаошник над Охридското Езеро создал книжевна школа и универзитет со околу 4.000 посетители,
 

– исто како што македонските фрескосликари, во црквата во селото Курбиново, на брегот на Преспанското Езеро и во манстирот Св. Пантелејмон во близина на Скопје, создале дела со кои, всушност, ја навестиле ренесансата.

– Она што е веќе откриено и заштитено во Стоби овозможува да се раскаже една цела оригинална приказна за објектите, вредностите и начинот на живеење во овој некогаш многу значаен град покрај Вардар и во средиштето на Балканот.
 

– Богатството на артефакти од Плаошник, Хераклеа и на уште голем број археолошки локалитети сведочат за густината на творечките вредности, култури и религии на оваа наша почва.
 

– Фреските, иконите, резбите и иконостасите од Бигорскиот манастир на прочуените протомајстори Макарие Фрчкоски, Димо Гарката, Дичо Зографот и плејадата нивни ученици и соработници во XIX век се сведоштва за нивниот раскошен, индивидуален авторски гениј.
 

Изложбата е во реализација на Медиа бродакастинг, a со подршка од Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ