сабота, 27 јули 2024

Изложба на фотографии од црквите во Охрид

„Низ фотографскиот објектив на ,Македонида’, уметноста на средновековните цркви во Охрид и Охридско“ е насловот на изложбата на фотографии што ќе биде отворена вечерва, во 19.30 часот во Музејот на град Скопје. Изложбата ја организира Гордана Велков од здружението на граѓани „Македонида“, а е поддржана од Министерството за култура. Стручен соработник е м-р Владимир Таневски, а фотографиите се на д-р Мишко Тутковски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Фотографиите од изложбата се објавени во книгата Seven Churches in Ohrid, издадена од „Македонида“ во 2022 година. Истражувањето и подготовката на веб-страницата за регистер на византиските цркви во Охрид е проект поддржан од Фондацијата „Ричард Х. Драјхаус“ од Чикаго, САД.

„Градот Охрид во средниот век бил еден од најзначајните уметнички, административни и духовни центри на Балканскиот Полуостров. Охридската Архиепископија во средниот век била значаен црковен и религиозен центар во христијанскиот свет. Денес, црквите во Охрид, со нивната архитектура и фрескоживопис, претставуваат значајно културно и религиозно наследство во целата православна екумена“, велат организаторите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ