сабота, 27 јули 2024

Изложба на фотографии „Лица на револуцијата“ во Битола

Во Офицерскиот дом во Битола, беше отворена изложбата на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, насловена како „Лица на револуцијата“: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација 1893-1934. Поставката опфаќа над 40 фотографии на македонските револуционери, дејци, интелектуалци во македонското револуционерно движење, комитски чети и семејства на македонски револуционери од крајот на 19 и првите декади на 20 век.

Објавено на

часот

Сподели

Промотор на изложбата беше Мите Стефоски, а на отворањето, покрај авторите, говореа и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и експертот за заштита на аудиовизуелното наследство, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Ѓоргоска Илиеска, нагласи дека изложбата „Лица на револуцијата“ е еден од начините на културен и уметнички план да оставиме уште еден творечки потпис врз делата и настаните кои ќе ја посочат и потврдат долгата и длабока линија на македонската комплексна и понекогаш контроверзна историја на народот кој постојано ја обновува својата татковина на оваа македонска почва:

Таа кажа дека изложбата ја нуди единствената можност за првпат во македонската современа историја да се погледнат и доживеат, индивидуални и групни портрети на оригинални фотографии, кои прикажуваат револуционери од различни, понекогаш и спротивставени струи во рамките на македонското револуционерно движење, испраќајќи уште една  значајна порака кон македонската и меѓународната јавност, воедно и кон научната фела, за значењето на потребата од постојаното историско истражување, проучување и утврдување на факти за револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ