сабота, 27 јули 2024

Изложба на фотографии „90 години веслачки клуб Црн Дрим – Струга“

Во фоајето во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга в сабота ќе биде отворена изложбата на фотографии „90 Години веслачки клуб Црн Дрим – Струга“.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата ја приготви и уреди Коста Хиохи, долгогодишен член на клубот, кој за јубилејот ја напиша и монографијата „Веслачки клуб Црн Дрим“.

Пред публиката, како што информира Хиохи, ќе бидат претставени околу 300 фотографии од сите периоди на постоењето на клубот, некои важни настани кои го навестиле формирњето, свеченото отворање, првите веслачи, натпреварите и активностите на клубот низ текот на годините, во време на кралска Југослвија, предвоениот период, СФРЈ, активностите по независноста до ден денешен. 

м

„Ова е навистина важен јубилеј за нашиот клуб, но секако и за градот Струга, бидејќи ретко кој друг град може да се пофали со жив клуб, кој корените ги влече од пред речиси еден цел век. Честа да ги прибере и селектира овие фотографии ми припадна мене следствено на големата потрага која ја реализирав за потребите на монографијата. Благодарение на моите стружани, но и неколкуте клубови и федерации од соседството успеав да соберам преку петстотини фотографии од кои за оваа изложба селектирав 300“, изјави Хиохи.

Изложбата на фотографии, според него, ќе биде вистинска празник бидејќи, како што информира Хиохи, покрај визуелната приказна за постоењето на клубот, посетителите ќе можат да го проследат и државното првенство во веслање на ергометар или уште попопуларното индор веслање. 

На државното првенство во веслање на ергометар учество ќе земат сите регистрирани клубови во веслачката федерација, по што ќе следи пригоден коктел и прогласување на победниците, информира Васко Голабоски, претседател на веслачкиот клуб Црн Дрим.

м

Веслачкиот клуб е формиран во 1933 година како истурена секција на веслачкото спортско друштво Југ од Белград, за по само една година да биде реформиран во засебен клуб под името Црн Дрим. Својот активен статус го задржува низ годините, по сите општествено, политички случувања до ден денес. Моментално во клубот членуваат 30 активни веслачи од сите старосни категории. 

Фото: Архива на Коста Хиохи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ