Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3,39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 имаме намалување од 0,84%, велат во ДИК.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за парламентарните избори од 2.136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.
Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58,18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13,74 %, во Маврово-Ростуше е 19 отсто.
Споредбено со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5,66 % на овие избори.
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:
Изборна единица 1 42,31 %
Изборна единица 2 36,69 %
Изборна единица 3 41,02 %
Изборна единица 4 36,88 %
Изборна единица 5 35,95 %
Изборна Единица 6 29,14 %
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, нагласуваат од ДИК.
Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.
Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.