Помошникот судијата дозволи Луис Диаз да го даде голот па го крена знаменцето мислејќи дека е офсајд. ВАР почна да ја проверува ситуацијата.
ВАР судијата комуницираше со операторот за повторени снимки и откако ги доби линиите рече: „Проверката е комплетна, проверката е комплетна, тоа добро, перфектно“.
Во овој момент веројатно ВАР судијата му се обраќаше на операторот за повторени снимки, но помошникот судија сфати дека нему му вели дека проверката е комплетна и правилно досудил офсајд.
Во тој момент помошникот му рече на главниот судија играта да продолжи, што и се случи.
Откако видоа дека играта е продолжена, настана вистинско бунило во ВАР собата. Операторот бараше од ВАР судијата да ја прекинат играта, но тој рече дека веќе ништо не може да направи.
? @PremierLeague release official VAR audio from Luis Diaz’s disallowed goal vs Tottenham.
Full statement: https://t.co/buvq5mG2q3 pic.twitter.com/a8zjGgcOCO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 3, 2023
Според правилата откако играта ќе продолжи, не може ВАР повторно да ја прекине играта. Но, тука поради недоразбирање во комуникацијата имаше неправилна ВАР пресуда. Па може да се постави прашањето што е поголемото зло? Дали да се прекрши правилото и играта да се прекине со што ќе се признае лошата комуникација и ќе се признае голот на Ливерпул, или ова што се случува сега, тежок скандал и неправилно поништен гол.