недела, 19 мај 2024

Излета „мерцедес“, петмина повредени

Утрово на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А. (55) од Елбасан, Албанија, излетало надвор од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х. (31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ. (51), Ц.П. (34) и Д.Х. (24), сите од Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ