сабота, 27 јули 2024

Изготвените лични документи ќе можат да се подигаат и во среда на денот на гласањето

Лични документи можат да се подигнат и во среда, на 24 април, на денот на гласањето, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24 април 2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ