сабота, 27 јули 2024

Во пожарот во Ист гејт мол изгорел автомобил на кондовец, повредени нема, потврди МВР

Денеска во 18:45 часот во подземната гаража од трговски центар на подрачје на Гази Баба настанал пожар во патничко возило фолксваген поло со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. од село Кондово, скопско, соопшти МВР.

 

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот бил локализиран. Повредени нема.

Трговскиот центар бил евакуиран, а причината за палењето на возилот сѐ уште не е позната.

Денешниот пожар е само еден од низа инциденти што се случија во овој трговски, откако претходно беше поплавен, па имаше обид за убиство и пукање, како и пожар во една од сендвичарите во делот за храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ