сабота, 27 јули 2024

Изгореа три паркирани автомобили кај Битпазар, нема повредени

Објавено на

часот

Сподели

Денес во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ