понеделник, 23 септември 2024

Изгореа два автомобили во два засебни пожари во Охрид и Штип

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала два пожари во кои изгореа два автомобили. Првиот е пријавен вчера во Охрид час и половина после пладне, а вториот рано утрото во Штип во три часот по полноќ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 20 септември 2024 во 13:26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, охридско, настанал пожар во патничко возило опел со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид. Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, се навеува во билтенот на МВР.

Во СВР Штип пак, на 21 септември 2024 околу три часот било пријавено дека на улица Панко Брашнаров настанал пожар во патничко возило фолксваген со штипски регистарски ознаки, сопственост на О.Р.

„Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Штип“, соопшти полицијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ