сабота, 19 октомври 2024

Изгоре возило на началник од Штип, се истражува дали се самозапалило или пожарот е подметнат

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнот да ги зафатат останатите паркирани возила.

Во тек е увид на местото каде што е  опожарено возилото.

Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, Гидиоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ