среда, 23 октомври 2024

Изгоре тревата, се сушат дрвја во Аеродром, Општината вината ја наоѓа во Градот

Сува трева која крцка под нозете и бројни дрвја со исушени гранки. Тоа е сликата од повеќе населби во Аердром, особено во најзелениот дел на Ново Лисиче, каде до пред две години редовно зеленилото беше наводнувано. Од Општината се жалат дека обврските не ги извршуваат од претпријатието Паркови и зеленило на Град Скопје.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова градско јавно претпријатие. Дополнително, сакаме да ги информираме граѓаните дека Општина Аеродром на постојните јавни зелени површини, во изминатите години на територијата на општината има изградено повеќе автоматски системи за полевање, вклучувајќи ги и бунарите, кои се предадени на ЈП Паркови и зеленило како надлежно јавно градско претпријатие во нивно владение и користење. Овие системи и бунари се наоѓаат во реоните Ново Лисиче, Три бисери, Јане Сандански од левата и десната страна, како и во Острово. Но, од неразбирливи причини за нас, веќе подолго време тие не се ставаат во функција, со што сме доведени во ситуација да бидеме опкружени со исушени тревници и дрвја“, посочуваат од Општината.

Фото: Иста локација од подалеку, сликана во август 2022

Ситуацијата е уште поаларманта, велат од Општината, бидејќи тоа се случува во летниов период кога се соочуваме со екстремно високи температури, кога аеродромци треба да имаат можност да се разладуваат во парковите што се изградени за таа намена.

При тоа уште еднаш апелираат до Град Скопје и до ЈП Паркови и зеленило да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на жителите на Општината.

„Да потсетиме дека секој месец граѓаните им плаќаат на градските јавни претпријатија за повеќе услуги, како што се тарифа за водна услуга, собирање смет и секако за ставката надоместок за одржување на јавното градско зеленило. Општината преку официјални дописи до ЈП Паркови и зеленило побара квалитетно и ажурно извршување на нивните обврски, но не доби никакви одговори и оттаму не излегуваат во пресрет на нашите обиди да ја вратиме старата слика за Аеродром. Како Општина, ги уверуваме граѓаните дека сите површини што се под наша надлежност ги наводнуваме и ги одржуваме секојдневно и со тоа темпо ќе продолжиме и во иднина. Уште еднаш испраќаме јавно апел до Град Скопје и до ЈП „Паркови и зеленило да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на аеродромци“, наведуваат од Општина Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ