сабота, 27 јули 2024
Случајот е пријавен во полицијата и се бара предизвикувачот на пожарот

Изгоре службениот пасат на директорот на Идризово, а гореше и зградата во која живее (ФОТО+ВИДЕО)

Ноќеска по полноќ е запален службениот автомобил на Зоран Јовановски, директорот на најголемиот затвор во државава, затворот во Идризово. Од опожарениот автомобил, запалена е и дел од зградата во која живеел Јовановски, односно опожарени се долните катови. Повредени лица во пожарот нема.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

“Во полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.

Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

За сега нема официјални информации кој и зошто го запалил автомобилот на првиот човек на затворот во Идризово.

                                                                                                         ФОТО: МКД

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ