среда, 22 јануари 2025

Изгоре хотел во ски-центар во Турција, најмалку 76 загинати, уапсен сопственикот и 8 лица

Најмалку 76 лица ги загубија животите во пожарот што вчера рано утрината избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во северна Турција, јавува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 76.

Претходно беше соопштено дека во пожарот е повредено 51 лице, од кои едно е во критична состојба. 17 од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени од болница.

Јерликаја додаде дека во рамки на истрагата за пожарот во хотелот досега се уапсени девет лица.

Пожарот избувна во ски-центарот Карталкаја, кој се наоѓа приближно 295 километри источно од Истанбул.

На местото на несреќата беа испратени бројни служби за итни случаи од соседните градови, вклучително и пожарникари, тимови за одговор при катастрофи и медицински тимови, со поддршка од хеликоптери. Од хотелот се евакуирани околу 230 луѓе, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

Карталкаја, која се наоѓа во провинцијата Бол, е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција која привлекува илјадници посетители за време на скијачката сезона.

Во Турција е прогласен Национален ден на жалост, потврди претседателот Реџеп Таип Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ