недела, 14 април 2024

Изгласан е Законот за спорт, ќе има пари за спортистите

Владата ќе распредели 10 милиони евра за клубовите и спортистите откако денеска беше изгласан Законот за спорт во делот на ваучер-системот.

Објавено на

часот

Сподели

Со 89 гласа за и без ниту еден против, пратениците го изгласаа Законот за распределба на парите за спортистите.

Најголемата промена во новата верзија на Законот за спорт е тоа што само 25 проценти, односно една четвртина ќе можат да се употребат за плати на странските спортисти. Три четвртини од дадената сума ќе мора да заврши кај Македонци.

Во законот се предвидени и казни во случај на злоупотреба на парите од ваучерот. Максималните казни изнесуваат 10.000 евра за федерациите и клубовите.

Секоја национална федерација е должна прелиминарната бодовна листа на клубовите и на спортистите да ја објави најдоцна до 1 март во годината и да ја достави до Централната комисија која треба да ја формира Агенцијата за млади и спорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ