понеделник, 28 октомври 2024

Изгаснати пожари во куќа и книжарница во Куманово

Територијалната противпожарна единица ги изгаси двата пожари на објекти во урбаната средина во Куманово, соопштија денеска пожарникари од ТППЕ Куманово. Како што информираше заменик командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, во првата интервенција пожарникарите интервенирале на опожарен дел од куќа, односно на приземје и долниот дел од куќата, додека по 15 минути од првата интервенција, тие интервенирале на опожарена книжарница и магацински простор.

Објавено на

часот

Сподели

„На интервенцијата учествуваа едно противпожарно возило со пет пожарникари, од 16.55 часот до 17.45. Втората интервенција е на книжарница во центарот на Куманово и се случила само 15-тина минути после првата интервенција. Опожарена е книжарница и магацински простор. И таму пожарот е ликвидиран“, изјави Станковски.

Во книжарницата, додаде, интервенирале две противпожарни возила со две екипи, а гаснењето траело до 19:50 часот.

Станковски информираше дека двата одделни пожари во кои причинета е материјална штета се изгаснати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ