сабота, 27 јули 2024

Изгаснат пожарот под скопското Кале, изгореа пет автомобили

Изгаснат е пожарот што избувна попладнево под скопското Кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет патнички автомобили.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.

Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

„Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари“, информира Томевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ