Гаснењето на пожарот се одвиваше околу шест часа, а беа зафатени од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и квалитетна густа шума кон атарот на село Пиперово. Во оваа акција беше вклучен полициски хеликоптер, кој вода полнеше од езерото Мантово.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од Општина Конче.