сабота, 27 јули 2024

Изгаснат е пожарот во каменичкото село Костин Дол

Нов пожар денеска е регистриран на територијата на Општина Македонска Каменица. Според информациите на командирот на Територијалната противпожарна единица од овој град, пожар денеска се гасеше во атарот на село Костин Дол.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Екипа составена од тројца пожарникари со едно возило денеска попладне гасеа пожар во атарот на селото Костин Дол. Во гасењето учествуваа и двајца шумски работници“, информираше Трајчевски.

Пожарот бил регистриран кај месноста Вировите, а зафатен бил околу еден хектар борова шума.

„Апелираме да не се пали оган на отворено од типот на палење стрништа и слично,  бидејќи појавата на ветар е присутна деновиве и може да предизвика штетни последици“, рече Трајчевски.

Освен во Каменичко, деновиве се гасеа пожари и на повеќе локации во делчевско-пехчевскиот регион, каде, како и во Македонска Каменица, причината е палење стрништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ