понеделник, 13 мај 2024

Издавање станови за првомајските празници, најатрактивни се Скопје, Охрид и Маврово

За време на првомајските празници за краткотраен престој најбарани се становите во Скопје, Охрид и Маврово. Според агенцијата Пазар3, за Скопје има најголема побарувачка за изнајмување на станови за краток и на подолг период.

Објавено на

часот

Сподели

Причината за таа заинтересираност е големата понуда на работни позиции која ја нуди Скопје како метропола, голем број на манифестации, концерти и секако побарувачката од студенти кои се најактивни во периодот од септември до јуни.

Цените во Скопје се делумно повисоки во однос на другите градови – од 250 евра, па до 500 евра месечно во зависност од луксузот на понудените станови.

Главната туристичка дестинација во Македонија за летниот период и за првомајските празници е Охрид со Охридското Езеро и многубројните знаменитости кои се атрактивни за странските, но и за нашите туристи. Во Охрид туристите најчесто изнајмуваат за 10 до 15 дена. Цените во Охрид во споредба со Преспа и Дојран се делумно повисоки и претежно се однесуваат на дневна база. Тие се движат од 25 евра, па нагоре во зависност од луксузот, близината на езерото, поглед и многу други фактори.

Една од најатрактивните дестинации во Македонија е и Маврово. Најатрактивен период за Маврово е нормално зимскиот период со снежните пејзажи, но не треба да се исклучи можноста и за одмор во пролетниот дел за време на првомајските празници каде што изобилува убавината на природата и нејзиното зеленило.

Цените за изнајмување се движат од 20 евра на ден па нагоре во зависност од услугите, позицијата и луксузот во самиот апартман.

Издавањето на станови во Македонија станува прилично профитабилен и стабилен бизнис како за приватни лица, така и за агенции кои се насочени во таа сфера. При анкетирањето на многу испитаници во изјавите на тема „цени на станови за издавање” се доаѓа до заклучок дека становите кои се издаваат од агенции се со делумно повисока цена за разлика од становите кои се издаваат од приватни лица. Но разликата на цена има своја улога и позитивни и негативни страни. За огромниот број на луѓе кои бараат сместување, било за краткорочен или долгорочен престој, изборот помеѓу агенција за изнајмување на станови и приватни лица кои изнајмуваат свои имоти може да биде предизвикувачки. Со текот на времето во Македонија се повеќе расте потребата за удобно, сигурно и високо квалитетно сместување. Сепак, разликите меѓу агенциите за изнајмување на станови и приватните изнајмувачи се важни, бидејќи секоја од опциите има свои предности и предизвици, велат од Пазар3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ