сабота, 27 јули 2024

Издавачката куќа Топер 32 години споделува радост и магија во книжевниот свет на децата

Под слоганот „Гушни ги саканите со добра книга“, издавачката куќа „Топер“ го објавува својот специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените. Почнува кампања со широка палета наслови, сите достапни по намалени цени. Специјалната понуда е можност за секој читател да пронајде и избере совршен подарок за својата љубов или, пак, да си подари моменти на уживање во светот на книгите.

Објавено на

часот

Сподели

„Топер“ до сега издаде најмалку 1.000 наслови за деца и со повеќе од 200 наслови за возрасни.

„Ние не само што го претставуваме светот на книгите за деца, туку и постојано го збогатуваме со нови и свежи идеи. Веруваме во значењето на квалитетот, затоа целосно се посветуваме на создавање книги што не само што ќе ги забавуваат децата, туку и ќе ги збогатуваат со нови знаења и вештини. Оваа година планираме да ја комплетираме едицијата лектири, проект што го почнавме минатата година, и да издадеме нови книги за деца, меѓу кои и книга со сензори, која е прва од тој вид на пазарот“, изјави Ирена Станојевиќ, директорката на издавачката куќа „Топер“.

„Топер“ не само што го нагласува значењето на квалитетот, туку и постојано води сметка да понуди цени прифатливи за сечиј џеб. Токму затоа ќе остане запаметен по сликовниците „Пикси“, кои веќе десетина години се продаваат по непроменета цена од 19 денари, и со тоа претставува единствен издавач со таа цена на пазарот.

Освен ова, „Топер“ се гордее со неверојатниот успех на својата најпродавана книга, „Тајна“, со повеќе од 15.000 продадени примероци.

„Топер“ е пионер во издавањето литература и на албански јазик со која го збогатува својот репертоар со разновидни наслови и отвора нови културни хоризонти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ