петок, 25 октомври 2024

Издадена новa емисија обврзници за денационализација

Објавено на

часот

Сподели

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи. Номиналната вредност на една обврзница, како што информира Минситерството за финансии, е едно евро, а каматната стапка е два проценти годишно.

„Номиналната вредност и каматата на имателите на обврзници се исплаќа во период од 10 години. Исплатата на каматата и номиналната вредност се врши еднаш во годината, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2024 година. Имателите на обврзници за денацонализација, исто така , може да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост. Со обврзниците за денационализација може да се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза“, информираат од Министерството за финансии.

Државава огласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Досега се издадени 21 емисија на Обврзница за денационализација на износ од  391,2 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ