недела, 12 јануари 2025

Забрана за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – Ќафасан

Од 14:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира Македонија пат.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Јавното претпријатие претходно соопшти дека се воведени забрани за камиони од превентивни причини на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, на патот Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и од Делчево до ГП Делчево.

Македонија пат претходно информираше дека пуштен за сообраќај за товарни возила е патот Деве Баир – Крива Паланка.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи“, информираше Македонија пат.

Од претпријатието додадоа дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата, а дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ