Додик, Вишковиќ и Стевандиќ по апсењето би требало да бидат задржани во притвор од најмалку еден месец.
Оваа одлука е донесена поради непојавувањето на осомничените на закажаните рочишта во Обвинителството на БиХ. Според законските процедури, ако осомничениот не се одѕве на повикот, обвинителството може за него да издаде налог за притвор. Ако и понатаму избегнуваат појавување, може да биде распишана интерна потерница, а во краен случај и меѓународна потерница преку Интерпол.
Ова следи по усвојувањето на закони во Народното собрание на РС за ограничување на надлежноста на државните институции на територијата на Република Српска.
Додик на седницата на Народното собрание на РС во четвртокот изјави дека нему, на Вишковиќ и на Стевандиќ им е одреден притвор. „Денес ни е одредено задржување“, кажа Додик. „Значи од денес сме во притвор. Ќе нè апсите ли? Ајде!“