понеделник, 28 октомври 2024

Избувна нов пожар во скопско, гори кај Маркова Сушица

Нов пожар пладнево избувнал кај Маркова Сушица, скопско. Читатели на МКД.мк кои ни испратија и фотографии сведочат дека пожарот се приближил на околу 600-700 метри од куќите што се наоѓаат во околината. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдија информацијата и соопштија дека од 12 часот, на пожарот се интервенира со пет пожарникари и 2 противпожарни возила.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Нашите читатели сведочат дека пожарот првично избувнал на еден километар од куќите Маркова Сушица после крстосницата накај фармите по што се приближил на 600-700 метри од куќите.

„Веднаш пријавивме на единствениот европски број 112 и ни беше потврдено дека пожарот е регистриран. Ер тракторот што тргнал да го гаси пожарот кај Китка беше насочен тука. Се надеваме дека ќе биде брзо угасен, но лошо е што дува ветер“, велат нашите читатели.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдија информацијата и соопштија дека од 12 часот, со пет пожарникари и 2 противпожарни возила се интервенира на сѐ уште неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добридол, каде гори зафатена ниска вегетација.

„Моментално ситуацијата е под контрола“, велат од ЦУК.

Претходно ЦУК информираше во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, три се ставени под контрола, а 29 се изгаснати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ