сабота, 27 април 2024

Избрканите уметници од МКЦ продолжуваат во Центар-Јадро, во Општина Центар

Културно-социјалниот простор Центар-Јадро и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во Центар-Јадро.

Објавено на

часот

Сподели

„На мое големо задоволство и на задоволство на моите млади ученици, на возраст од 5 до 12 години, продолжуваме со редовните активности, двапати неделно во Центар-Јадро. Ова навистина е прекрасен простор, во кој децата имаат услови да цртаат, сликаат и учат во атмосфера на креативна дружба. Благодарност до општината и КСП Јадро што ни го отстапија бесплатниот простор“, вели Нешовски.

Во општинскиот Младински центар-Матично е преместено и детското драмско студио што функционираше во рамки на МКЦ-Скопје. Театарските работилници ќе се одржуваат еднаш неделно, во саботите, под водство на професионалните актери Нина Максимова, Благојчо Стојанов и Јанка Лефкова.

Градоначалникот Герасимовски вели дека општината останува отворена за сите креативци, уметници и едукатори кои придонесуваат за културниот живот во градот.

„Центар е дом на културата, во кој се добредојдени сите креативни сили. И затоа, во рамките на општината, ги создадовме  овие отворени простори за  да ја заживееме културната сцена на Скопје. Продолжуваме да ги промовираме уметноста, творештвото и уметниците“, порача Герасимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ