сабота, 19 октомври 2024

Избрани 25 нови судии меѓу нив и синот на врховниот судија Георгиев кој денеска даде оставка од Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

По првиот оглас беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола и тоа судиите Петар Чаловски, Елена Жоровска и Горан Димовски. Во Основниот суд Свети Николе беше избрана Драгана Илиоска, во Основниот суд Струмица Катерина Тодорова, а во Основниот суд Тетово, Бојана Тоиќ и Муса Реџеп. 

По вториот објавен оглас беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, Иван Колевски, осум во Основниот граѓански суд Скопје и тоа Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан. Во Основниот кривичен суд Скопје беа избрани седум судии, односно Марија Беговиќ, Биљана Смаќоска, Драгана Исакоска, Драган Јосифовски, Ахмет Идризи, Фросина Стојаноска, Кирил Георгиев и двајца во Основниот суд Струмица-  Билјана Иванова и Костадин Ѓорѓиев.

Судијата кој беше избран во Основниот кривичен суд Скопје, Кирил Георгиев, е син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од функцијата во Советот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ