четврток, 20 јуни 2024

Изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

По завршувањето на два успешни мандати, исполети со многу проекти, средби, бизнис форуми, и голем број средби на стопанственици од Македонија и Бугарија, заминува досегашниот претседател на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК) Кирил Лазаров и на  негово место е избрана м-р Биљана Митева. Избран и нов Управен одбор.  

Објавено на

часот

Сподели

Кирил Лазаров во своето обраќање рече: „За мене е најзначајно МБСК да продолжи да нуди предлози и решенија кои се во интерес на двете држави, во интерес на економијата и бизнисот. Јас минатите години  делував согласно овие постулати и понудивме решенија и политики кои се базираа на инвестициски, инфраструктурни и енергетски проекти. Секогаш сметав дека најлесен пат за надминување на сите проблеми и  зближување е економијата“. Од комората нагласија дека фокусот на активностите, како и до сега ќе биде на подобрување на деловната соработка помеѓу двете држави, продолжување и унапредување на деловната соработка помеѓу двете држави преку споделување на знаење и остварување на заеднички цели со цел создавање на подобра бизнис клима и минимизирање на политиката во бизнисот. 

Бизнис секторот покажа одличен потенцијал за соработка кој може да се утврди од фактот за трговската размена помеѓу Македонија и Бугарија за 2022 година кој изнесува околу една милијарда евра, што претставува зголемување од 200 милиони евра во однос на претходната година. Целосното интегрирање на Северна Македонија во пазарот во Европската Унија, може да се исполни само преку продолжување и унапредување на деловната соработка, ослободена од административни бариери. 

Пристапувањето на нови членки од различни дејности во Комората претставува потенцијал за нови бизнис практики во двете држави. Во наредниот период се најавени повеќе активности за понатамошен развој на комората, Б2Б настани, промоција на инвестиции,  образовни програми, дигитална трансформација, вклучување на тинктенкови…, соопшти МБСК. 

 

МБСК 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ