Лансирањето на кампањата на Тикток претставува значаен чекор, со оглед на сомнежите што постојат во Вашингтон кога станува збор за оваа апликација, која е во сопственост на кинескиот технолошки гигант Бајт денс, наведува Ројтерс.
Некои американски конгресмени долго време бараа да се забрани апликацијата поради стравувањата дека кинеската влада би можела да ги користи корисничките податоци или да влијае на содржината што гледачите можат да ја видат на апликацијата.
Раководството на Тикток остана на ставот дека нема да ги споделува податоците на американските корисници со кинеската влада и презеде значителни мерки за заштита на приватноста на своите корисници.
Советниците на Бајденовата кампања изјавија дека „ќе продолжат да ги среќаваат гласачите таму каде што се“, вклучително и на други апликации за социјални медиуми, како што се Инстаграм на Мета и Трут соушл, која е во сопственост на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
До недела навечер, профилот доби 10.900 следбеници.