Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос, а во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимавал и со политика.
Во најголем дел од 1980-ите години беше пратеник од редовите на Грчката комунистичка партија, за потоа да стане министер во конзервативната влада на премиерот Константин Мицотакис. Еден од неговите последни јавни политички настапи беше говорот на масовниот протест против Преспанскиот договор во 2018 во Атина. Порача дека постои само една Македонија, а таа според него е, беше и секогаш ќе биде грчка.
.






