среда, 16 април 2025

Возач со мерцедес тешко повреди 64-годишен жител на Кочани и дете

Во Полициската станица Кочани вчера во 07:34 часот било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило мерцедес со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К. (29), удрило во двајца пешаци – С.М. (64) и 8-годишно дете, и двајцата од Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, додека детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Општата болница во Кочани.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ