недела, 22 март 2026

Во Грција приведен е Ацо Боцевски – Циганот кој пред 27 години изврши убиство во Скопје

Aцо Боцевски -Циганот денеска во Катерини беше уапсен од грчката полиција по македонска потерница за издржување на затворска казна од 15 години за извршено убиство пред 28 години. Тој целиот овој период се криел во Грција.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска грчката полиција извести дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30 јуни 1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, соопшти утрово МВР.

Во ноември 1997 година Боцевски во центарот на Скопје го уби Сеат Ибраими. По бркотница со возила низ Скопје, Ибраими излетал од патот во близина на зградата на тогаш познатата компанија за осигурување „Кјуби“, по што Боцевски ладнокрвно го застрелал Ибраими со неколку куршуми.

Боцевски избега од Македонија откако му беше дозволен домашен притвор.

Се очекува негова екстрадиција од грчките власти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ