среда, 9 април 2025

Татко и ќерка паднаа со автомобил во Вардар кај Челопек

Татко и ќерка се полесно повредени откако излетале со автомобилот во водите на реката Вардар во близина на тетовски Челопек вчера околу 19 часот и 40 минути. Случајот бил пријавен во тетовската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавено е дека во 19:40 часот на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката. Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово“, информираат од МВР.

За интервенција биле повикани и Територијалната противпожарна единица Тетово.

„По излетувањето таткото и ќерката самите успеале да излезат од автомобилот, а ние потоа го извлековме возилото. Мислам дека девојчето имаше скршен прст, информираше Авни Амети“, командир на ТППЕ Тетово.

Поради оваа сообраќајна незгода извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ