„Вчера во 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар, 41-годишен маж од Дебарско пријави дека лице од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот“, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Само пред два дена дебарската и поширока јавност беше згрозена по информацијата на полицијата дека во село во Дебарско, жители на дебарските села Џепиште и Отишани од куќниот двор насилно грабнале и внеле 30-годишна жена во патничко возило ауди, управувано од Е.В.(18) од Отишани и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга.
При тоа А.Л.(26) физички ја нападнал, оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал. Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите беа пронајдени и лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.






