вторник, 20 мај 2025

Фатен е убиецот кој вчера пукаше во странски државјанин во Штип

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, се вели во соопштението од обвинителството.

Дваесет и петгодишниот годишниот Е.О странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, а информацијата беше потврдена од Клиничка болница-Штип.

Во болницата бил донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но обидите биле неуспешни. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ