Од друштвото најавуваат богата програма, исполнета со автентична музика, игри и носии од различни региони на Македонија. Организаторите уверуваат дека публиката ќе ужива во моќта на фолклорот и позитивната енергија што традиционално ја носат нивните настапи.
КУД Гоце Маркоски е едно од поистакнатите фолклорни друштва во земјава, познато по неговата посветена работа со млади таленти и зачувување на македонската културна традиција.
Со бројни настапи во земјата и странство, друштвото континуирано ja промовира македонската фолклорна ризница и ја претставува пред поширока публика.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на фолклорот да им се придружат и заедно да ја прослават богатата македонска традиција.






