понеделник, 15 декември 2025
Заработи кривична пријава

Директорка на училиште во Виница ја вработила ќерката со несоодветно образование како наставник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, пријавената на 27 јануари годинава склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ