среда, 10 декември 2025

Астероид содржи злато вредно „10.000.000.000 милијарди долари“ – или секој човек на Земјата милијардер

Астероидот Психа 16 (Psyche 16) содржи злато вредно „10.000.000.000 милијарди долари“, што потенцијално би можело да го направи секој човек на Земјата милијардер доколку се ископа. Па што чекаме?

Илустрација: НАСА

Објавено на

часот

Сподели

Па не баш дека сите на планетава ќе станеме милијардери ако некако стигнеме до астероидот и се фрлиме на копање, зашто кога Земјата одеднаш би добила толку многу злато, неговата вредност би се урнала речиси до нула.

Како и да е, еден од најинтригантните објекти во главниот појас на астероиди, Психа е огромен астероид богат со метал, кој се наоѓа околу трипати подалеку од Сонцето отколку Земјата.

Психа има неправилна, компиреста форма. Кога би го пресекле хоризонтално на екваторот – замислете сплескан овал – би измериле 280 километри во ширина на најшироката точка и 232 километри во должина. Неговата површина изнесува 165.800 квадратни километри.

Сѐ до неодамна, научниот консензус беше дека астероидот Психа се состои главно од метал. Поновите податоци укажуваат дека астероидот веројатно е мешавина од метал и силикати, истиот материјал што се наоѓа во стаклото и песокот. Најдобрите анализи покажуваат дека Психа најверојатно е составена од мешавина од карпа и метал, при што металот сочинува 30% до 60% од нејзиниот волумен. Составот на астероидот е утврден преку радарски опсервации и преку мерења на неговата термичка инерција (колку брзо едно тело апсорбира или повторно зрачи топлина).

Со комбинирање на радарски и оптички опсервации, научниците создадоа 3Д-модел на Психа, кој покажува докази за две кратеровидни вдлабнатини. Тоа сугерира дека постојат значителни варијации во металната содржина и бојата на астероидот низ неговата површина. Но сѐ додека мисијата „Психа“ на НАСА за првпат не го види астероидот Психа одблиску, нема да знаеме како точно изгледа, вели НАСА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ