понеделник, 8 декември 2025
Поднесени се кривични пријави против три лица

173 предмети за сообраќајни прекршоци застареле поради несовесно работење на вработени во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности.
Тие во временскиот период од 01 јануари 2022 до 31 декември 2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно член 41 од Закон за прекршоци.
За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.
Со наведените дејствија сториле претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ