четврток, 24 октомври 2024
По бегството од домашен притвор

Избеганиот Рамадани во лежерна домашна атмосфера на Косовo

Блерим Рамадани, кој избега од домашен притвор, и како што вчера објави МКД.мк, се наоѓа во Косово, на Фејсбук може да се види како со свој роднина седи за трпеза во релаксирана атмосфера.

Објавено на

часот

Сподели

„Чичко Блерим Рамадани, добре дојдовте дома во нашиот роден град, жал ни е што поради војната и слободата за Косово ви беше попречено движењето. Ослободителу, засекогаш почит, ќе бидеме заедно“, напиша на Фејсбук извесен Несрет Шашивари.

Дали се работи за верна фотографија и вистинита објава со која се лоцира местото каде се наоѓа Рамадани, останува непознато, иако Шашивари за косовски медиуми дал потврда, но рекол дека не е должен што било друго да кажува.

Вчера МКД.мк објави дека Рамадани по бегството од домашен притвор во Македонија, се наоѓа во Косово.

Информацијата ја потврди потретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК, Луан Јахири, кој рече дека разговарал на телефон со Рамадани и рече дека наскоро и ќе се видат.

„Неговата одлука за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран во Србија. Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас“, рече Јахири.

Бегството на Рамадани предизвика остра реакција од официјален Белград, а министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени дека станува збор за голем скандал бидејќи Србија ова лице го бара заради извршени воени злосторства врз Срби на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ