сабота, 27 јули 2024

Избегал од затвор, полицијата го фати и назад ќе го врати

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 14:15 часот на бул.„Војводина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(43) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што посочуваат од МВР, избеганиот затвореник ќе биде спроведен во затворот во Идризово на доиздржување на казната затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ