Војника потсети дека ставот на ИВЗ искажан на 7 мај годинава заедно со други верски заедници е дека е против предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост и дека во таа смисла нема битна разлика во однос на гледиштата на верските заедници, односно дека треба да се почитуваат вредностите на традиционалното семејство.
Вчера на манифестацијата одржана на 28 јуни по повод Денот на Курбан Бајрам, поглаварот на ИВЗ, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи истакна дека ставот на верската заедница е дека „заштитата на традиционалните семејни вредности и по структура и по морал е сржта на едно здраво општество“.
Инаку, вечерашниот протест од Црквата го најавуваат како сенароден собир и повикаа на присуство на претставници и верници од другите верски заедници.
„Изразувањето на протестот е против новиот контекст што му се дава на поимот род и истиот се злоупотребува во предлог-законот за матична евиденција кој што предвидува промена во ознаката за пол“, рече епископот Јаков Стобиски на прес-конференција пред два дена и изрази надеж за учество и на други верски заедници, од кои, како што наглси, поддршката е апсолутна.