понеделник, 21 октомври 2024

Ивица Боцевски стана специјален владин претставник при унгарското претседателство со Советот на ЕУ

Владата на денешната седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции.

Објавено на

часот

Сподели

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје, а Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем, Пеце Стојковски за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, а Ерол Абдиу за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а Фикрет Шабани за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ